Основачот на Викиликс Џулијан Асанж е обвинет по тајно обвинение, објави денеска „Вашингтон пост“.

Обвинителите ненамерно ги објавија обвинувањата – развој што значително би можел да ја раздвижи истрага за мешање на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година и да има последици по оние кои објавиле владини тајни.

Тоа било откриено при обвинение кое не било поврзано со случајот на Асанж. Помошникот-обвинител Келан Двајер, побараа од судијата да ги чува материјалите во тајност, велејќи дека „поради комплексноста на обвинетиот и публицитетот околу случајот, ниту една друга постапка не може да го зачува доверливиот карактер на обвинението. Подоцна тој напишал дека досието на Асанж треба да остане запечатено додека тој не биде уапсен.

Од јуни 2012 година, Асанж е засолнет во амбасадата на Еквадор во Велика Британија. Во 2015 година Шведска соопшти дека се откажува од истрагата за сексуално злоставување против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, поради застареност. Сепак британските власти продолжија да го гонат бидејќи нелегално пребегна во Амбасадата на Еквадор, каде тој остана, стравувајќи дека е можно да биде екстрадиран во САД поради објавувањето тајни информации на Викиликс. На таа страница, исто така, беа објавени хакирани електронски пораки од претседателскиот кандидат на Демократите Хилари Клинтон, кои придонесоа за нејзин неуспех во изборната трка.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2018 09:51