Американскиот претседател Доналд Трамп ја назначи креаторката Лана Маркс за нова американска амбасадорка во Јужноафриканската Република.

Маркс, која е со потекло од Јужна Африка, дизајнира лускузна облека и чанти, а живее и работи во јужна Флорида. Ги заборува јазиците коса и африканс, двата официјални јазици во Јужна Африка.

Амбасадорското место во Јонахесбург беше празно од доаѓањето на Трамп на власт што предизвика критики дека неговата администрација е помалку заинтересирана за американско-јужноафриканските односи, за разлика од претходниот состав на Белата куќа.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2018 10:49