На натпреварувањето на престижниот Меѓународен турнир во Рим во бразилска џиу-џица „Абу Даби Про Ром 2018“ (Abu Dhabi Pro Rome 2018), македонската репрезентација предводена од претседателот и основач на „Д Стронгест“, Ивица Алексовски освои вкупно 18 медали, од кои пет златни, 10 сребрени и три бронзени.

Во 14 – члената македонска репрезентација имаше 10 членови на клубот „Д Стронгест“ од Кисела Вода кои на натпреварувањето освоија 15 медали. Од повеќе од 30 држави учесници, македонската репрезентација го освои четвртото место, додека како тим „РУТС БЏЏ“ од вкупно 61, се прогласени за втор најдобар тим.

„Д Стронгест“ е еден од клубовите кои оваа година добија материјална поддршка од општина Кисела Вода. Општината додели финансиски средства на спортските субјекти кои со своите програми и активности придонесуваат за развојот на спортот и физичката култура кај децата и младите на територијата на локалната самоуправа.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2018 20:11