Тенискиот рекет број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ ја забележа третата победа во финалниот турнир на АТП во Лондон.
Петкратниот шампион на турнирот, Ѓоковиќ оствари триумф над петтиот носител Хрватот Марин Чилиќ со 2:0 (7:6 (9:7), 6:2) и заврши на првото место во групата „Густаво Куертен“. Така во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Јужноафриканецот Кевин Андерсон во реприза на финалето на „Вимблдон“. Во второто полуфинале, шесткратниот победник на турнитот во Лондон, Роџер Федерер од Швајцарија ќе се соочи со Германецот Александар Зверев.