Бостон го победи Торонто со 123:116 во натпревар од НБА лигата, на кој Кајри Ирвинг забележа личен рекорд сезонава со 43 поени.

Тој постигна 17 поени во последните осум минути на четвртата четвртина и го доведе натпреварот до продолжение, во кое асистцираше на секој кош или го постигна.

Ирвинг го заврши натпреварот со 11 асистенции, а Џејсон Тејтум забележа 21 поени и седум скока.

Бостон со ова ја израмни серијата против Торонто на 1-1, но Селтикс заостануваат во однос на пласманот зад „рептилите“ во Атлантската дивизија.

Каваи Леонард постигна 31 поени и забележа личен рекорд сезонава со 15 скока за Торонто, кој загуби три натпревари по ред по одличниот старт со 12 победи во 13 дуели.

Резултати од НБА: Бостон – Торонто 123:116 по продолжение Индијана – Мајами 99:91 Филаделфија – Јута 113:107 Вашингтон – Бруклин 104:115 Мемфис – Сакраменто112:104 Минесота – Портланд 112:96 Њу Орлеанс – Њујорк 129:124 Милвоки – Чикаго 123:104.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2018 11:37