ЦСКА Москва, заедно со Реал Мадрид, остана на врвот на табелата во кошаркарската Евролига, откако синоќа на гости го победи Баерн Минхен со 93:79.
Двата тима имаат максимум број на поени по првите седум кола од регуларната сезона на најсилното европско клупско натпреварување, а со еден пораз зад нив е Фенербахче.
ЦСКА забележа 13 тројки и го контролираше резултатот во сите четири делови на средбата во „Ауди Доум“ во Минхен. Московските играчи, кои имаа двоцифрена предност во првата четвртина, го завршија натпреварот со шест играчи со над 10 поени. Кори Хигинс беше најуспешен со 18 поени, а Серхио Родригез постигна 12 и осум скока.
Нихад Дедовиќ и Дерик Вилијамс постигнаа 14 поени за Баерн.
Барселона го совлада Жалгирис Каунас со 88:85 по продолжение, а со ист скор како Каталонците (5-2) е и Анадолу Ефес, кој го победи Панатинаикос со 78:62.
Во последниот четврти синоќешен натпревар Гран Канарија победи со 84:78 против Макаби Тел Авив, по што и двата тима останаа во втората половина на табелата.
Резултати од Евролига: Анадолу Ефес – Панатинаикос 78:62 Жалгирис – Барселона 85:88 по продолжение Баерн Минхен – ЦСКА Москва 79:93 Гран Канарија – Макаби Тел Авив 84:78.