Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев ќе стават крај на сезоната во машкиот тенис со меѓусебен натпревар во финалето на АТП „Мастерс“ турнирот во Лондон.

Двајцата тенисери се соочуваат еден против друг во финалето, во кое доаѓаат од различни стартни позиции. Германецот дојде до финалето откако го победи Роџер Федерер во неизвесен, додека Ѓоковиќ го направи тоа многу полесно со Кевин Андерсон.

Ѓоковиќ, кој има четири последователни победи во текот на викендот во Лондон, ја гони шестата титула од финалниот АТП турнир, со која ќе се израмни со Федерер. Зверев учествува само вторпат меѓу осумте најдобри, а пред една година испадна уште во групите.

Двајцата веќе се сретнаа во Лондон, играјќи во групата „Густаво Куертен“, откако Ѓоковиќ триумфиаше 6:4, 6:1. Вкупно одиграле три натпревари, а Зверев го освои првиот од нив – финалето на „Мастерс“ турнирот во Рим во 2017 година.

Ѓоковиќ е во одлична форма по враќањето на теренот од повреда и освои четири титули за тој период – „Вимблдон“, Синсинати, Шангај и „УС Опен“. Тој има 26 победи во последните 27 натпревари.

– Новак е најдобриот тенисер во светот во моментов. Многу е тешко да го победиш, бидејќи тој речиси не губи во последните шест месеци. Играше неверојатно и треба да си на најдобро ниво, за да имаш некаква шанса, рече Зверев пред натпреварот.

Дваесет и едно годишниот пак е првиот Германец кој стигнува до финалето на завршниот турнир по цели 22 години. За последен тоа го стори Борис Бекер во 1996 година, кога загуби од Пит Сампрас. Една година претходно беше последната германска победа, имено Бекер наспроти Мајкл Ченг.

– Очекувам сосема поинаков натпревар од оној кој го имавме пред неколку дена. Тоа сепак е финале и може да имам некаква психолошка предност, но само пред дуелот, бидејќи го победив. Саша е лидер на новата генерација, тој е млад, но веќе докажан играч. поседува одлични квалитети и оваа недела докажа зошто е меѓу елитата, рече Ѓоковиќ пред средбата.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2018 13:40