Во продавница за чевли во ГТЦ, Скопјанка останала брз својот новчаник и мобилен телефон откако била ограбена од непозната жена.
Кражбата се гледа на снимката од безбедносните камери, а која оштетената муштерика ја објави на социјалните мрежи.
– За да не се случи на некој друг! Дали некој ја препознава особата? Денеска во ГТЦ во 11 чсот во дуќан за чевли, таа влегува и краде мобилен и новчаник и ги става под нејзината јакна. Случајот е пријавен во МВР, но секоја информација е добредојдена, пишува оштетената на Фејсбук.