Сириските владини сили, помогнати од сојузниците, денеска ја зазедоа јужната област Тулул ал Сафа, која досега беше под контрола на терористичката организација „Исламска држава“.

По повеќенеделните судири во кои имаше жртви на обете страни, сириските сили го зазедоа планинското подрачје источно од провинцијата Свеида, со што владините ттрупи контролираат поголем дел од југот на Сирија.

Невладината Сириски центар за мониторинг на човековите права со седиште во Лондон, соопшти дека владините сили го зазеле тоа подрачје во саботата.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2018 15:11