Хокеарската репрезентација на Македонија триумфираше над Ирска со 9:6 во првото коло на „Девелопмент купот“, неофицијалното Светско првенство, што се игра во Фусен, Германија.
Јуре Стопар со шест гола беше најпрецизен за „жолто-црвените“, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Ташевски, Василев и Наумовски. Денеска од 18 часот Македонија игра со Андора, а утре од 10 се среќаваме со селекцијата на Португалија. Во текот на утрешниот ден се и полуфиналните натпревари. Во среда се игра финалето и мечот за трето место.