Новак Ѓоковиќ испраќа една од најсилните години во својата кариера. Иако ја започна сезоната далеку од врвот, Србинот ги одигра неверојатно последните шест месеци и се врати на највисоката позиција на АТП листата.

Успехот на популарниот Ноле на теренот му донесе голема заработувачка. Тој ја заврши годината со заработени 12,6 милиони долари, повеќе од кој било друг во светот.

Годинава, тој доби најмногу пари од триумфот на „Ју Ес Опен“ во Њујорк – 3,8 милиони долари.

Тотално во својата кариера, на сметката на Новак Ѓоковиќ завршиле 122,4 милиони долари од играње тенис.

Второ место според заработените пари од наградните фондови во текот на годината е Рафаел Надал.

Шпанецот освоил 8,6 милиони долари, откако освои пет титули.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2018 19:22