Борна Чориќ донесе предност на Хрватска против бранителот на титулата Франција во финалето на „Дејвис купот“, кое се одржува на земјени терени во францускиот град Лил. Чориќ го победи Џереми Шарди со 6:2, 7:5, 6:4 во 2 часа и 19 минути игра.

Хрватот го започна мечот со два брејка, водеше со 4:0 и без проблем го зеде првиот сет.

Во вториот дел Чориќ го освои сервисот на противникот во 11-тиот гем, а во третиот сет направи брејк за 2:1, што се покажа доволно за крајниот успех.

Дваесет и две-годишниот Хрват за кратко го напушти теренот на крајот на натпреварот за да добие третман за мала повреда.

Вториот сингл е помеѓу Жо-Вилфред Цонга и Марин Чилиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2018 19:57