Хрватска е на чекор до освојување на титулата во „Дејвис купот“ откако Марин Чилиќ оствари триумф над Жо-Вилфред Цонга со 6:3, 7:5, 6:4 во два часа и 17 минути игра.

Средбата меѓу двајцата се играше пред илјадници гледачи во Лил, а Хрватите поведоа со 2:0 во победи против Франција и така се само на еден успех од титулата.

Во првиот сет Чилиќ направи брејк во шестиот гем, а потоа освои на свој сервис, за да поведе со сет во резултатот.

Вториот сет беше решен по еден брејк во единаесеттиот гем во полза на Хрватот.

Третиот сет исто така беше решен со брејк во корист на Чилиќ, кој падна во петтиот гем.

Натпреварите продолжуваат утре, кога ќе се одигра мечот во двојки помеѓу Ербер/Махут и Додиг/Павиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2018 23:29