Црногорскиот тим Будуќност го нанесе првиот пораз во сезоната на ЦСКА Москва во кошаркарската Евролига.
На дуелот од деветтиот круг во Подгорица, домаќините победија против силниот руски тим со 93:92 (17:21, 18:28, 30:18, 28:25).
Данило Николиќ постигна кош 6 секунди пред сирената и донесе успех на Будуќност, а во последниот напад Кори Хигинс пропушти да забележи два поени.
За победниците, Ерл Кларк постигна 18 поени, додека Немања Гордиќ додаде 17 поени.
За ЦСКА Москва со 19 поени се истакна Нандо де Коло.
Рускиот тим е на врвот на табелата, заедно со Реал Мадрид и Фенербахче Турција. Три екипи имаат осум успеси во девет натпревари. Резултати од Евролига: Будуќност – ЦСКА Москва 93:92 Жалгирис – Химки 83:84 Басконија – Панатинаикос 86:77 Барселона – Олимпија Милано 90:80.