Една од ѕвездите на Голден Стејт, Кевин Дурант по победата над Портланд (125:97) зборуваше за проблемите, кои го придружуваат тимот во текот на последните неколку недели.

– Не верувам дека сè ќе заврши само по себе. Во НБА не верувајте во приказните и емоциите. Ситуацијата нема да се поправи сама од себе, додека не почнеме да даваме сè од себе и да ја наметнеме својата волја, како што беше денеска. Токму така, утре ништо нема да се случи. Треба да играме толку страстно и енергично, како против Портланд, изјави Дурант пред „ЕСПН“.

Благодарение на победата над Портланд, Голден Стејт ја прекина серијата од четири последователни порази и се искачи на 4-то место во Западната конференција. Следниот меч на шампионите е утре против Сакраменто.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2018 14:10