Тимот на Лацио отфрлил понуда на Милан за трансфер на српската ѕвезда Сергеј Милинковиќ-Савиќ, соопштува „Кориере дела Сера“.

Тоа се случило во последните денови од летниот преоден рок, во кој „росонерите“ го засилија составот со Гонзало Игуаин и уште неколку фудбалери. Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито одбил да го отстапи Милинковиќ-Савиќ на Милан за 30 милиони евра, а кон договорот за Србинот, „росонерите“ поставиле и опција за негово откупување за 90 милиони.

Со истата формула, раководството на Милан го привлече во својот состав Гонзало Игуаин од шампионот на Италија – Јувентус. Сега Милинковиќ-Савиќ се посилно е поврзуван со трансфер во градскиот ривал Интер, кој по доаѓањето на Џузепе Марота ќе се обиде да го засили значително составот во летниот трансфер прозорец.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2018 15:51