Тениската репрезентација на Франција го освои првиот поен во финалето од Дејвис купот против Хрватска и го намали резултатот на 1-2 во победи.
Французите во состав Никола Мау и Пјер-Иго Ербер беа подобри од Иван Додиг Мате Павиќ во денешната дубл пресметка со 3-1, по сетови 6:4, 6:4, 3:6 и 7:6.
На овој начин се пролонгира промоцијата на годинашниот шампион кој ќе го дознаеме утре.
Двојките за последниот (трет) ден од финалето се:
Жереми Шарди – Марин Чилиќ Жо-Вилфред Цонга – Борна Чориќ.
Франција е бранител на трофејот.