НБА кошаркарот Двејн Вејд е во последната сезона од неговата професионална кариера, но сепак покажува знаци, кои можеа секојдневно да се видат од него во најсилните години.

Најновиот пример е минатата ноќ кога Мајами загуби од Торонто со 115:125, а Вејд постави уште еден рекорд во дресот на „жешките“

Триесети и шес-годишниот ветеран влезе како резерва и за 34 минути нанижа 35 поени – врвно достигнување во клупската историја за играч, кој започнал од клупата.

Ова е далеку од тоа да биде единственото највисоко достигнување кое е во сопственост на Ди Вејд. Трикратниот НБА шампион е број 1 во повеќе од петнаесет статистички категории во историјата на Хит.

Вејд играше за тимот од Мајами од 2003 до 2016 година, а потоа премина во Чикаго и Кливленд, но оваа година се врати во Флорида, каде ќе ја заврши славната кариера.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2018 17:47