Ефикасна вечер во НБА лигата имаше Џејмс Харден кој постигна 54 поени на гостувањето кај Вашингтон, но на крајот и тоа се покажа недоволно за неговиот тим Хјустон да остане непоразен. Вашингтон го доби натпреварот со 134:131 по продолжение, откако по 48.минути резултатот беше нерешен 125:125.

Резултати на другите натпревари од НБА лигата играни ноќта меѓу понеделник кон вторник.

Шарлот – Милвоки 110:107 Кливленд – Минесота 95:102 Чикаго – Сан Антонио 107:108 Њу Орлеанс – Бостон 107:124 Јута – Индијана 88:121 Голден Стејт – Орландо 116:110.

Пласман Западна конференција: ЛА Клиперс 13-6 (победи – порази), Голден Стејт 15-7, Денвер 13-7, Оклахома 12-7, Мемфис 12-7,…

Пласман Источна конференција: Торонто 17-4, Милвоки 14-6, Филаделфија 14-8, Индијана 12-8, Детроит 10-7,…



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2018 10:40