Во Собранието денеска имаше јавна расправа за справување со енормното загадување. Меѓу присутните беa и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој требаше да објасни кои мерки ќе ги преземе градот како и заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули.

Но градоначалникот Шилегов додека траше расправата си играше игри на својот мобилен телефон, успешно поминуваше нивоа и не беше заинтересиран за следење на дискусијата во собраниската комисија.

Попладнево пак, Телевизија Телма во својот прилог за вестите посветен на собраниската дебата за аерозагадување на јавноста и долови кадар во кој е „фатен“ заменик - министерот Јани Макрадули, кој држејќи се на едната рака, дреме во собраниските столчиња на истата дебата на која Шилегов играше игри на мобилен телефон.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2018 16:51