Откако го освои третото место на Државното првенство во карате во категорите за кадети и јуниори, но и во категоријата У21, членката на Карате клубот „Ускана ” од Кичево Фљориана Аљиу доби покана како член на Македонската Карате репрезентација да учествува на Балканското првенство, што ќе се одржи во Дубровник, Република Хрватска.

Балканското првенство во карате е планирано од 30 ноември и 2 декември. Кичевчанката Фљориана Аљиу со нетрпение го очекува настапот на ова првенство каде што со гордост ќе настапува за црвено-жолтата боја на нашата земја.

-Со задоволство го очекувам настапот на Балканското првенство во Дубровник каде ќе се обидам да давам се од себе за да ја преставам нашата земја Македонија. Деновиве работевме со поголем интензитет со моите тренери Јетмира и Неџби Дервиши, кои имаат голема заслуга за моите успеси, па оттука се надевам на добар резултат на претстојното Балканско првенство, рече каратиската Аљиу, пред да му се придружи на националниот тим за настап на првенството во Дубровник.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2018 14:28