Меѓународниот олимписки комитет формира Советодавен комитет за човекови права. Ова го изјави претседателот на МОК, Томас Бах, на прес-конференцијата во Токио по состанокот на Извршниот комитет на Олимпискиот центар. Шефот на комитетот ќе биде принцот Зајед Рад Ал Хусеин, поранешен висок комесар на ОН за човекови права.

– Денеска, направивме многу важна одлука да основаме Советодавен комитет за човекови права, рече Бах.

Комитетот ќе вклучува шест до девет члена – експерти од областа на спортот и човековите права.

Во исто време, Бах рече дека МОК има интерес од турнир во бокс на Летните олимписки игри во Токио 2020.

– Ние сакаме бокс турнир на Игрите во Токио и ќе ги вложиме сите напори тој да се одржи, одговори Бах на прашањето дали е можно во Токио да нема боксерски дуели.

Вчера, МОК привремено ги замрзна плановите за тоа дали или не да се одржи боксерски турнир на Олимписките игри во Токио. Одлуката е како последица на почетокот на истрагата во врска со Меѓународната боксерска асоцијација за аматери (АИБА), што може да доведе дури до престанок на нејзините активности.

МОК не е задоволен од добиениот извештај од АИБА, во кој се анализира нејзиното работење во однос на финансирањето, транспарентноста во управувањето и борбата со допингот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2018 14:55