Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер возврати на вербалниот „удар“, кој му го нанесе неговиот ривал пред мегабитката оваа ноќ – Тајсон Фјри. Вчера Британецот изјави дека три-четвртини од боксерите кои Вајлдер ги победил во неговата кариера, не биле достојни противници.
Шампионот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) изјави дека пред три години, Фјури не го победил Владимир Кличко, туку Украинецот сам се борел. Ова беше прва тешка загуба на Кличко од 2004 година.
– Ги нокаутирав сите, со кои сум се борел. А зошто тој не може така? Зошто процентот на предвремени победи му е толку низок? Па тој и Кличко не го победи. Кличко сам се победи, на сите им е јасно тоа. Ако Владимир некако се одбранеше од ударите и покажеше присуство на рингот, исходот ќе беше сосема поинаков. Фјури го знае тоа, прокоментира Американецот.
Тој додаде дека самодовербата на Фјури доаѓа фактот дека Кличко не ги одвраќал ударите и бил како некоја „боксерска вреќа на рингот“.