Два златни и еден бронзен медал освоија каратистите на Макпетрол на 19. Балканско првенство за кадети, јуниори и постари јуниори (У21) викендот во Дубровник, Хрватска.

Со златни медали се закитија Петар Спасеновски во највозрасната натпреварувачка категорија на постари јуниори и Абдурахим Идризи кај јуниорите во категорија -55 кг. Бронзен медал освои Глигор Петков.

– На ова првенство ние заминавме максимално подготвени и бевме решени да направиме голем успех. Сакам да истакнам дека во голема мерка успеавме во планираното. Резултатите секако дека можеа да бидат и поголеми, само ако првиот ден се обезбедеше тренерска акредитација за уште еден наш тренер, кој ќе ги предводеше докажаните спортистки Моника Пендаровска и Анѓела Мојсовска, кои за жал останаа без медал, иако тие две минатата година беа финалистки, изјави тренерот Бошко Заборски.

На првенството учество земаа 12 балкански држави со 889 натпреварувачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2018 10:07