Српскиот кошаркар од Анадолу Ефес, Василије Мичиќ е прогласен за најкорисен играч на Евролигата во ноември.

Мичиќ игра во одлична форма и месецот го заврши со просек 13,3 поени и шест асистенции со индекс на корисност од 18.

Ефес забележа пет победи и пораз против Милан изминатиот месец, а Мичиќ на тој дуел беше најдобар со 15 поени, седум скока, пет асистенции и две украдени топки.

Тој, исто така, блескаше во триумфите над Гран Канарија, Панатинаикос, Макаби, Дарушафак и Басконија.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2018 14:45