Пред Основниот суд Скопје 1 возилото на првиот човек на ДПА Мендух Тачи не беше кренато од Пајак службата иако беше непрописно паркирано.

На снимката може да се забележи дека двајца полицајци разговараат со вработените во пајак службата по што истите влегуваат во пајак возилото и го напуштаат местото.

Тој во моментот се наоѓал во судот каде тече рочиштето за случајот „Титаник 2“, каде е обвинет за изборни нерегуларности.

Видеото го објави ТВ 21.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2018 14:52