Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) потврди дека казната на Руската атлетска федерација останува во сила.

Тоа го изјави на прес-конференција по состанокот на Извршниот комитет на ИААФ претседателот на работната група за прашањето за враќање на лиценцата на руската центарала, Руне Андерсен.

Санкцијата не дозволува руски спортисти да учествуваат на меѓународни натпревари под националното знаме.

Членството на Руската федерација во ИААФ беше прекинато во 2015 година по докази за употреба на допинг во Русија во периодот 2011-2015 година. Санкцијата се обнови неколку пати.

Во јуни 2016 година беше донесена одлука да им се овозможи на индивидуалните руски спортисти да се натпреваруваат за да докажат дека не ги прекршуваат антидопинг правилата.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2018 17:24