Фановите на Лос Анџелес Лејкерс наскоро ќе ја слават титулата и ќе им се смеат на оние на Голден Стејт Вориорс, изјави легендата на „езерџиите“ Коби Брајант.

Доаѓањето на Леброн Џејмс во тимот го врати оптимизмот меѓу обожавателите на вториот најуспешен тим во НБА и за Коби нема сомневање дека кошаркарите на екипата од Калифорнија многу брзо ќе стигнат до врвот.

– Сигурен сум дека сè ќе биде добро. Тимот има големи таленти, а генералниот менаџер (Роб Пелинка) одлично работи и организацијата е многу флексибилна во однос на финансискиот дел. Додека трепнете, Лејкерс повторно ќе се шампиони и ќе се смееме на навивачите на „воините“ кои се појавија од никаде, изјави Брајант за време на промотивен настан во „Стејплс Центар“.

Легендата на тимот додаде дека новото засилување Леброн Џејмс прави сé за да ги балансира работите.

– Тоа што често ја има топката во своите раце не е рецепт за шампионска титула, но во оваа фаза е важно да се постигнуваат резултати, додека се постигне посакуваниот начин на игра, додаде тој.

„Езерџиите“ започнаа лошо и беа со биланс 2-5 во почетокот, но потоа се подобрија и при индикатори 14-9 веќе се петти во Западната конференција. Џејмс во просек има 27,8 поени, 7,7 скока и 6,7 асистенции по натпревар, а на крајот од месецот ќе наполни 34 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2018 17:54