Религијата е помалку важна за Европејците, отколку за луѓето во Африка, Латинска Америка или САД, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од институтот Пју.

Истовремено истражувањето забележало и големи разлики меѓу одделни држави во Европа.

Најрелигиозни на Стариот континент се Романците. Педесет и пет отсто од анкетираните во Романија одговориле дека се многу религиозни.

Во Италија 27 проценти од луѓето изјавиле дека се религиозни, во Германија само 12 отсто, Чесите и Данците осум проценти и Естонците едвај седум отсто.

Според анкетата, Германците се покажале како најголеми скептици во однос на постоењето на Господ, бидејќи само 10 отсто од нив се „сосема сигурни“ во тоа. Спротивно на нив, пак, 79 проценти од Ерменците веруваат дека Бог постои, како и граѓаните на БиХ (73 отсто).

Полјаците во анкетата дури 61 отсто се изјасниле дека посетуваат црква и присуствуваат еднаш неделно на црковна литургија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2018 11:44