Турската полиција заплени над еден тон хероин во операција во источниот округ Ерзинџан, соопшти денеска турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, истакнувајќи дека станува збор за најголема количина запленет хероин во целата историја на Турција, пренесе агенцијата Анадолија.

– Тимови од Одделот за борба против ширењето наркотици вчера запленија 1,27 тони хероин, скриен во камион, кој бил запрен за проверка, рече Сојлу.

Според податоците на полицијата, турските безбедносни сили оваа година заплениле вкупно 17,3 тони хероин. Повеќе од 1.500 осомничени беа уапсени во антитерористичките акции.

Сојлу денеска оцени и дека забранетата Курдска работничка партија (ПКК) има активна улога во трговијата со дрога. Тој рече дека Европа и САД не прават доволно против поддржувачите на ПКК, а воедно и одбиваат да ги екстрадираат во Турција најбараните терористи.

– Ако сакаме свет без терор, прво мора да имаме свет без дрога, рече Сојлу.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2018 15:23