Словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак ја повлече својата оставка и останува на функцијата, соопшти Министерството на својата веб страница.

Тој поднесе оставка во знак на несогласување со одлуката на Парламентот во Братислава дека земјата не треба да го потпишува Глобалниот договор на ОН за миграција.

Лајчак денеска изјави дека ја сменил одлуката за оставка, откако добил уверување од премиерот Петер Пелегрини дека Словачка нема да го смени својот курс на надворешна политика.

Тој ја објаснува одлуката да остане на чело на словачката дипломатија и со своето чувство за одговорност во врска со претстојното претседателство на Словачка со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

До септември годинава Лајчак беше претседател на 72-та сесија на Генералното собрание на ОН и учествуваше во изработката на Договорот за миграција.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2018 12:49