Полицијата во Брисел соопшти дека утринава уапсила околу 50 демонстранти од „жолтите елеци“ како превентивна мерка.

Локалните власти очекуваат околу 13 часот да започне протест пред зградите на институциите на ЕУ во Брисел. Уапсените биле задржани во Европскиот квартал и во близина на главните железнички станици во градот.

Во реонот, каде се очекуваат собирите, е зголемено полициското присуство, но засега ситуацијата е мирна. Локалните медиуми објавуваат дека „жолтите елеци“ го блокирале сообраќајот на автопатот кој води кон границата со Франција.

Минатата недела околу 500 „жолти елеци“ се судрија во Брисел со полицијата, а беа опожарени и две полициски возила.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2018 20:37