За време на протестите на „жолтите елеци“ во Франција денеска се уапсени околу 700 луѓе, од кои 575 во Париз, а меѓу нив 272 се задржани во полиција.

Полициските сили од изутрина ги контролираат пунктовите на кои се собираат демонстрантите, притоа одземајќи им ја опремата, како што се заштитни очила, шлемови и спрејови.

Превентивните апсења се вршат поради сомнеж дека демонстрантите кои поседуваат таква опрема планираат насилства врз луѓе или уништување објекти.

Француските медиуми проценуваат дека на денешните протести учествуваат помалку демонстранти отколку минатата недела. Според нив денеска на улиците во француските градови излегле 31.000 демонстранти, додека на 1 декември имало 36.000.

Ситуацијата е најтензична на големите париски булевари, каде околу пладне биле поставени барикади.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2018 23:17