На 91 година денеска почина најстарата руска автивистка за заштита на човековите права и поранешна советска дисидентка Људмила Алексеева.
Советот за човекови права при претседателот на Русија на својата Интернет страница соопшти за смртта на Алексеева, руска активистка за човекови права, една од основачите на Московската Хелсиншка група во 1976 година.