Хрватскиот фудбалер, Марио Манџукиќ би можел да потпише нов договор со Јувентус, со кој ќе ја заврши својата кариера во Торино.

„Кориере Дело Спорт“ пишува дека Јувентус планира да го продолжи договорот на хрватскиот репрезентативец до 2020-та година.

Шампионот на Италија и Манџукиќ би ја продолжиле соработката за две или три сезона, по кои треба да се пензионира и да стави крај на успешната кариера во тимот од Торино.

По доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус многумина шпекулираа дека за Манџукиќ нема да има место во тимот, но тој го покажа спротивното и одигра одлични натпревари за Јуве оваа сезона, а против Интер го постигна единствениот гол во натпреварот.

Што се однесува до условите на договорот, хрватскиот играч ќе мора да се согласи за намалување на платата од 3,5 до 3 милиони евра по сезона, но ова може да се компензира со разни бонуси.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2018 11:06