Мохамед Салах уште еднаш ја потврди својата позиција како фаворит на навивачите на Ливерпул. Египетскиот репрезентативец постигна „хет-трик“ при победата против Борнемут и беше избран за играч на натпреварот.

По дуелот сепак тој одби да ја земе наградата и ја даде на својот соиграч Џејмс Милнер. Салах изјави дека халфот на Ливерпул го запишал својот натпревар бр.500 во Премиер лигата на Англија и не може да ја земе наградата.

– Не, јас не можам да ја земам наградата. Тој забележа 500 натпревари во Англија. Треба да му честитам за феноменалната кариера која ја има. Тој ја заслужува наградата денес. Се надевам дека ќе освоиме нешто оваа сезона заедно и нема да ја земам наградата, изјави Салах.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2018 12:07