Лука Дончиќ постигна 11 последователни поени и сам направи целосен пресврт од осум поени негатива во последната четвртина за победа на Далас со 107:104 против Хјустон во натпревар од регуларната сезона на НБА. На овој начин, Маверикс остана на натпревар од Мемфис на врвот на Југозападната дивизија, каде што Хјустон е последен.
Дончиќ беше 3/13 во шутот од игра пред да даде две последователни тројки во корист на Далас и да го доведе својот тим на два поени од Хјустон. Откако Крис Пол пропушти два удари од линијата од слободни, Дончиќ успеа да израмни од под кошот и во следниот напад истакна тројка за 105:102. Ова беше 26-та и последна промена на водството во играта.
Словенечкиот дебитант во лигата заврши со 21 поен, колку што истакна и Весли Метјуз. Тој пропушти два „пенали“ во последните секунди и Хјустон доби шанса да израмни, но обидот за тројка на Ерик Гордон со сирената не беше успешен.
Резултати од НБА:
Далас – Хјустон 107: 104 (32:30, 24:27, 28:27, 23:20)
Индијана – Сакраменто 107: 97 (24:31, 30:21, 19:18, 34:27)
Атланта – Денвер 106: 98 (25:35, 26:21, 35:21, 20:21)
Кливленд – Вашингтон 116: 101 (38:25, 24:21, 25:20, 29:35)
Њујорк – Бруклин 104: 112 (23:30, 22:26, 32:28, 27:18)
Чикаго – Бостон 77: 133 (17:35, 26:29, 17:29, 17:40)
Мемфис – Лос Анџелес Лејкерс 88: 111 (16:27, 24:36, 26:28, 22:20)
Портланд – Минесота 113: 105 (30:27, 23:24, 28:29, 32:25)
Лос Анџелес Клиперс – Мајами 98: 121 (30:34, 32:31, 28:26, 8:30).