По напуштањето на коалицискиот владин партнер НВА, реконструкцијата во Владата го зајакнува министерот Дидие Рејндерс, најави премиерот Шарл Мишел пред малку.

Дидие Рејндерс, досегашен министер за надворешни работи, го добива и портфолиото “одбрана“ и станува “суперминистер“ во сега малцинската влада на Мишел, изјави премиерот.

По напуштањето на НВА, се празни и функцијата државен секретар за миграција кој и е предаден на министерката за здравство, Маги Де Блок од фламанските либерали. Министерството за внатрешни работи му се доделува на Питер де Крем од фламанските демохристијани.

По денови владина криза синоќа главниот коалициски партнер во белгиската влада, НВА, најави дека поднесува оставка. Оставките на петтемина министри и државни секретари од оваа партија ги прифати Кралот Филип Втори денеска, како што налага Уставот. Со ова белгиската влада станува малцинска сѐ до следните парламентарни избори во мај 2019 и ќе треба да смета на алтернативни мнозинства во Парламентот за да преживее. Сепак, поранешниот коалициски партнер гарантира поддршка за клучни досиеја како буџетот, најавија од партијата.

Партијата НВА се повлече поради тоа што не ја поддржува волјата на владата и на сите белгиски партии освен екстремната десница да се потпише Пактот за миграции на ОН.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2018 14:22