Милвоки Бакс го совлада Торонто Репторс со 104:99 во дуелот на двете првопласирани екипи од Источната конференција во НБА-лигата.

Брук Лопез со 19 и Јанис Адетокумбо со 19 поени и 19 скока беа најзаслужни за триумфот на Бакси.

На другите две средби одиграни ноќеска, Сан Антонио ја победи Јута со 110:97, додека Шарлот беше поуспешен на гости кај Њујорк со 119:107.

Пласман Западна конференција: Оклахома 16-8 (победи – порази), Голден Стејт 18-9, Денвер 17-9, ЛА Клиперс 16-9, ЛА Лејкерс 16-10,…

Пласман Источна конференција: Торонто 21-7, Милвоки 17-8, Филаделфија 18-9, Индијана 16-10, Бостон 15-10,…



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2018 10:19