Министрите на ЕУ одобрија дополнителни санкции за девет лица инволвирани во изборите кои се одржаа минатиот месец во Доњецк и Луганск, сепаристички провинции во Украина, кои се под руска контрола.

ЕУ не ги признава овие две самопрогласени „народни републики“, а изборите кои се одржаа таму во ноември ЕУ ги смета за нелегални и нелегитимни, јави дописничката на МИА од Брисел.

-ЕУ ги осуди овие „избори“ бидејќи го прекршуваат меѓународното право, ги поткопуваат заложбите преземени со Договорот од Минск и го нарушуваат суверенитетот и законот на Украина, стои во соопштението.

ЕУ додаде девет лица инволвирани во овие избори на списокот на санкции. Санкциите се состојат од забрана за патување во ЕУ и замрзнување имот во Унијата.

Бројот на лица на списокот на ЕУ сега изнесува вкупно 164.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2018 13:54