Над 70.000 луѓе се убиени или повредени во граѓанската војна во Јемен, од кои 9.2000 се деца, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), за време на одржувањето на мировните преговори со посредство на Обединети нации во Шведска.

Во соопштението од СЗО се наведува дека реалната бројка на жртви е многу поголема од наведениот број, бидејќи во пресметката од март 2015 година и октомври годинава вклучени се само болничките статистики.

– Во тој период здравствените институции известија за речиси 10.000 загинати и 60.200 повредени лица. Најмалку 849 деца загинаа, а речеси десетпати повеќе се повредени, истакнува СЗО.

Претставниците на јеменската меѓународно признаена Влада и на шиитските бунтовници Хути преговараат во местото Римбо во близина на Стокхолм.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2018 14:43