Украина останува жариште на тензии во Европа, затоа Грција инсистира страните во конфликтот да ги почитуваат договорите од Минск, чие спроведување ќе помогне за нормализирање на ситуацијата, изјави грчкиот заменик-министер за надворешни работи Јоргос Катругалос во интервју за радио „Кокино“.

– Украина е постојан проблем за европскиот систем на безбедност, ние инсистираме дека мора да се почитуваат договорите од Минск, кои предвидуваат политички чекори, насочени кон нормализација на ситуацијата. Сакаме намалување на тензиите. Последното нешто што и е потребно на Европа, е ново жариште на тензии, и тоа во центарот, во нејзиното срце, истакна тој.

Според него, во пристапот кон конфликтот во Украина треба да се следат две точки – почитување на меѓународното право и верувањето дека постоечките несогласувања можат да се решат само со дијалог.

– Се разбира, имаме заеднички дом – Европската унија, но ние се обидуваме да бидеме политички мост за оние земји со кои имаме односи, што ни овозможуваат да ја одиграме улогата на медијатори, рече Катругалос кој денеска учествува на состанокот министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2018 19:02