Одлично чувство за тоа кои 16 меча треба да ги одигра и на уплата од 300 денари да добие 441.581 денари имал играч во обложувалниците на Sport Life во Неготино. На добитното ливче нема коефициент кој е поголем од 1.95, но тактиката да игра на сигурни типови му донесе радост на стручњакот, кој искомбинирал неколку игри на мечеви од повеќе од 10 различни првенства во Европа.

Поголем дел од погодените парови се на двојни шанси во комбинација со број на голови, но има и мечеви од играта полувреме-крај. Интересно е што дури 14 одиграни игри се со коефициенти помеѓу 1.30 и 1.75, што значи дека фокусот е ставен на пореални варијанти, па уплата од пет евра донесе преку 7.000 евра добивка.

Капа доле за „мајсторот“ кој трефна 16 натпревари за добивка од 7.000 евра во Sport Life!


Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2018 02:29