Земјотрес со интензитет од 7,1 степен според Рихтерова скала го погоди денеска јужниот дел на Атлантскиот Океан, северно од Антарктикот, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту е издадено предупредување за опасност од цунами.

Според некои западни медиуми, првичниот потрес бил 7,5 степени.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2018 10:01