Двете големи ѕвезди од НБА-лигата, Леброн Џејмс и Двејн Вејд ноќеска го имаа својот последен дуел. Поуспешен со својот тим беше Леброн. Двајцата играчи кои своевремено заедно настапуваа во Мајами си ги разменија дресовите.

Резултати на натпреварите одиграни ноќта понеделник кон вторник:

Индијана – Вашингтон 109:101 Филаделфија – Детроит 116:102 Бостон – Њу Орлеанс 113:100 Чикаго – Сакраменто 89:108 Милвоки – Кливленд 108:92 Оклахома Сити – Јута 122:113 Далас – Орландо 101:76 Денвер – Мемфис 105:99 Феникс – ЛА Клиперс 119:123 (по продолжение) Голден Стејт – Минесота 116:108 ЛА Лејкерс – Мајами 108:105.

Пласман Западна конференција: Оклахома 17-8 (победи – порази), Голден Стејт 19-9, Денвер 18-9, ЛА Клиперс 17-9, ЛА Лејкерс 17-10,…

Пласман Источна конференција: Торонто 21-7, Милвоки 18-8, Филаделфија 19-9, Индијана 17-10, Бостон 16-10,…



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2018 10:42