Не постои веќе можност за преразгледување на договорот за излез на Велика Британија од ЕУ, изјави денеска пред Европарламентот во Стразбур претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер.

Тој истакна дека е изненаден од последните случувањата, а тоа се најавите на британската премиерка Тереза Меј дека ќе се обиде да ги предоговори условите.

– На крајот од минатиот месец постигнавме договор со британската Влада. До вечер ќе разговарам со премиерката Меј, нагласи Јункер.

Тој изјави дека постигнатиот договор е најдобриот и единствено можен.

– Нема простор за предоговарање, единствено постои можност за појаснување и толкување, но без преразгледување на текстот. Тоа треба да им биде јасно на сите, додаде претседателот на ЕК.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2018 10:49