Британската фунта од утрово се движи кон 20-месечниот минимум во однос на доларот, откако премиерката Тереза Меј го одложи гласањето за Договорот за Брегзит.

Фунтата забележа пораст од 0,1 процент на 1,2574 долари откако во вчера забележа пад од 1,3 отсто односно 1,2507 долари, што е најниско ниво од април 2017 година.

Индексот на доларот, со кој се мери движењето на американската во однос на шесте главни валути денеска забалежа пад на 97,092 поени откако вчера порасна за 0,75 проценти.

За време на тргувањето во текот на ноќта индексот на доларот се намали на 96,364 поени, што е најниско ниво од 22 ноември.

Еврото забележа раст во однос на доларот и изнесува 1,1365 долари, додека вчера се намали за 0,2 отсто.

Вредноста на доларот се намали и во однос на јапонската валута за 0,25 проценти на 113,02 јени.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2018 11:10