Македонската репрезентација до 21 години денеска во Нион ги дозна противниците во квалификациската групата за пласман на ЕП во Унгарија и Словенија 2021 година. Македонија е во групата 6 со репрезентациите на Шпанија, Израел, Црна Гора, Казакхстан и Фарски Острови. Селекторот Добринко Илиевски вели дека Шпаниај е фаворит, а против сите други во групата неговите избраници имаат квалиет з абодови.

– Задоволен сум од групата во која се најдовме за пласман на Европското првенство, но истовремено и многу внимателен. Шпанија е апсолутен фаворит, со сите други ќе се надигруваме. Треба да бидеме во најдобро наше издание доколку сакаме борба за добар пласман, а тоа секако ќе биде наша цел, изјави Илиевски за веб-страницата на ФФМ.

Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 10 септрември 2019. против Фарски Острови на домашен терен.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2018 14:23