Деветкратниот рели шампион Себастиeн Лоеб следната година се враќа во Светскиот рели шампионат (ВРЦ) со „Хјундаи“, објави „Аутоспорт“.

Ова е прв професионален договор на Лоеб надвор од „ПСА групата“ и се очекува да биде официјално потврден утре.

Во моментов Французинот нема никаков договор за 2019-та, а единственото негово сигурно учество е на релито Дакар 2019 со приватниот тим и „Пежо 3008ДKР“. Лоеб веќе изврши серија тестови со автомобилот, од кои последниот во Абу Даби.

„Хјундаи“ одби да коментира на оваа тема, но шефот на тимот потврди пред неколку недели дека се одвиваат преговори со легендарниот пилот. Деталите за тоа како Лоеб ќе се вклопи во структурата на „Хјундаи“ и што значи неговото пристигнување за тековниот четврти пилот во тимот, Хајден Паден, се уште се непознати.

Французинот остана без натпрварувачко место првпат по две децении, откако „Пежо“ изненадувачки објави дека се повлекува од Светскиот рели шампионат.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2018 17:07