Договорот за слободна трговија помеѓу Европска унија и Јапонија (ЈЕФТА) е одобрен денеска од страна на европратениците и треба да стапи во сила на 1 февруари 2019 година.

ЈЕФТА е изгласан ос 474 гласови „за“, 152 „против“, а 40 пратеници се изјаснија како „воздржани“.

Со Договорот се укинауваат мноизнство царински бариери помеѓу ЕУ и Токио, кои ги засегаа околу 600 милиони потрошувачи, а размената изнесува една третина од светскиот бруто домашен производ.

Со ЈЕФТА, ЕУ си отвора уште еден пазар, пред се за своите земјоделски и индустриски производи.

Со Договорот се укинуваат речиси сите царини врз прехранбените производи од ЕУ, додека млечните производи ќе бидат предмет на постепено намалување на царините од јапонска страна.

Јапонците пак со ЈЕФТА добиваат слободен пристап до европскиот пазар за автомобилската индустрија, но само по неколку години транзициски период.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2018 18:53